За Glocal: Inside Social Media од еден поинаков агол | PRoom
> | | > За Glocal: Inside Social Media од еден поинаков агол

За Glocal: Inside Social Media од еден поинаков агол

Posted on 1 ноември 2009 | 4 Comments

После долго време од завршувањето на Glocal: Inside Social Media (ќе признаете, навистина многу ми требаше) решив да напишам за конференцијата, но од еден сосема поинаков агол. Си реков, ќе пишувам, но како НВО активист и личност која се занимава со односи со јавност.

1. Морам да истакнам дека неверојатно многу се израдував кога во програмата на Glocal, првиот ден, видов предавање насловено "NGO and Social Media in reaching hidden population". Си реков, браво, се отвори дискусија! На некој од нашите (од НВО секторот) му текнало да проговори колку социјалните медиуми се значајни за работата на граѓанските здруженија, за промоција на активностите и за мобилизирање на заедницата. Во време кога надвор на големо се зборува и се докажува значењето на социјалните медиуми, еве и ние имаме што да кажеме. И така, со нетрпение ја очекував презентацијата.


И не ја дочекав!

Иако потврдена и ставена во официјалната програма, од за мене се уште не познати причини, презентерот не се појави, а програмата на Glocal остана единственото место кое што сведочи дека можеби и стануваме свесни за важноста на новите начини на допирање до публиката.

2. “ПР професионалците мора да обрнат внимание на влијанието на блогерите дури и повеќе отколку на меинстрим медиумите“. Оваа реченица кажана од Dennis L.Wilcox во интервјуто дадено за draganadjermanovic.com и тоа како потврдува дека новите медиуми се повеќе ги надвладуваат класичните медиуми и мора сериозно да бидат третирани од ПР професионалците. Впрочем, ова многупати беше потенцирано и за време на Glocal. Но, за жал никој од еснафот што се занимава со односи со јавност (овде не се исклучувам и себе си) не најде за потребно да има барем една презентација на конференцијата и колку толку да отвори дебата по ова прашање.
Причината не ја знам, но знам дека ситуацијата кај мене предизвика чувство на разочарување. И затоа си ветив дека во иднина ќе дадам се од себе ова чувство повторно да не го доживеам.

А Glocal... За конференцијата и впечатоците од истата веќе доволно се зборуваше, пишуваше... Јас можам само најискрено да се приклучам кон честитките за организацијата и да посакам следната година да биде уште поуспешно.

А до тогаш: Искористете го прeдизвикот на новите медиуми!

Comments:4

  1. Има позитивни примери во МК за НВО-а како користат new media. Малку се, излирани се, ама тек тук се појавува. Генерално тажно е да се прифати фактот дека и покрај стандардната ставка (за интернет присуство) која со години се појавуава во буџетите на сите проекти многу амлку се работи навистина нешто квалитетно.

    Многу НВО-а имаат убави сајтови кои не ги користата или им умираат брзо, а во исто време работата на теми кои се измислени за промовирање на социјалниве медиуми.

    Ај, еден ден.....

    ОдговориИзбриши
  2. Дарко, во право си. Има примери на НВОи кои користат нови медиуми. Јас овој момент никогаш не го ни спорев.

    Целта ми беше да се осврнам на фактот дека многу малку сме подготвени да отвориме дебата, а според мое мислење, и многу малку сме подготвени да споделиме знаење.

    За да ја развиваме професијата потребно е да го надоградуваме знаењето, да го споделуваме, ортворено да дискутираме и да ги посочуваме и надминуваме проблемите.Оваа конференција беше одлична можност за тоа, а ние (посочените во постот) за жал, повторно потфрливме.

    И, еден ден те очекувам на оваа тема...

    ОдговориИзбриши
  3. да не повторам дека се согласувам и со двајцата дека има развиена PR комуникација меѓу НВО и обичните луѓе има. но колку преку новите медиуми тие привлекуваат нови маси, е точка за која би требало да се дебатира во иднина. една е да бидеш застапен на класичните и новите медиуми подеднакво, но новите медиуми нудат и малку повеќе, не?

    би сакал да присуствувам и јас на една ваква презентациа+дебата на која ќе проанализираме кои се сите можности кои ги испуштаме...

    убав агол за опсервација Славица :)

    ОдговориИзбриши

PRoom. Овозможено од Blogger.