јуни 2009 | PRoom

Home > јуни 2009

јуни 2009

Кој губи од лошиот ПР и неискусните новинари?

23 јуни 2009 Category : 2

Што се случува денес?

Лицето одговорно за односи со јавност (агенцијата) ќе напише соопштение кое ќе го испрати до медиумите. “Многу нормално“ веќе ги има пикирано новинарите кои тоа ќе го објават, да не речам ги има договорено, па многу и не се труди околу соопштението.

Вечер, кога ќе излезат весниците, во сите може да се прочита истиот текст. Како истиот новинар да го пишувал. А тоа всушност го пишувало истото лице, само што тоа не е новинар, туку себе си се нарекува ПР.

Па што? Клиентот/ надредениот задоволен, новинарот си ја завршил задачата, а сите ловорики за ПР-от. И што има тука лошо?

Ееее...не...

12 јуни 2009 Category : 0

Доаѓам дома, после напорен работен ден и предавања на факултет, седнувам во дневна и без некое посебно размислување го отворам компјутерот. Само за да проверам пошта. А ако е нешто итно, сега, во петок навечер... нешто што не може да чека до понеделник, или барем до утре..?

Во сандачето ништо интересно, ни итно, па кога веќе работи компјутерот да видам што се сменило на Facebook од пред четири часа, кога се одлогирав. И така, прозорчињата се редат на пребарувачот, блогови, вести, нешта кои не заслужуваат внимание... и налетувам на Сеад...

Почнувам да читам, а вијугите почнаа да се будат... па што правам јас?

Секој ден, како по навика, или како и да го наречете тоа, доаѓам од работа, отворам компјутер и ме нема... Не разговарам со блиските, не гледам телевизија, не средувам по дома (освен некои итни работи кои морам да ги завршам пред да си легнам)...А, кафе со другарките, прошетка во природа, гости?

Станав ли јас помалку социјална личност од порано? Не, си одговарам. Па се дружам со луѓето, им ги знам желбите, проблемите, навиките... Е да, ама се тоа е виртуелно. А вистински, што би се рекло во живо? Ееее... не...

Не верував дека некогаш толку ќе “уличарам„.

PRoom. Овозможено од Blogger.