април 2013 | PRoom

Home > април 2013

април 2013

Во очите на јавноста

25 април 2013 Category : , , , 0

Односите со јавноста за непрофитните организации се постојан процес на раскажување на приказната на организацијата, пренесување на нејзината порака, создавање на идентитет и одржување на сликата за организацијата во срцето и умот на јавноста.
Заедничка слика за спомен после презентацијата
Ова беше основната порака околу која се движеше презентацијата на тема Во очите на јавноста- односи со јавноста за непрофитни организации, која бев покнета да ја одржам на Интернационалниот Балкански универзитет, пред студентите од втора и четврата година на Факултетот за комуникации.

Особена чест и огромно задоволство е да се сподели знаење и повеќе од десетгодишно искуство во работа со непрофитни организации, со студенти кои го впиваат секој твој збор и се желни да дознаат нешто повеќе, надвор од редовниот курикулум на студиите.

Ќе си дозволам уште еднаш да им заблагодарам за поканата и гостопримството. Се надевам дека ќе имаме уште многу можности да се среќаваме и да разменуваме мислења.

Со проф. д-р Дона Колар Панов на предавањето на Сертификатот

PRoom. Овозможено од Blogger.