Здружение за односи со јавноста- КОНЕЧНО!!! | PRoom
> | | | > Здружение за односи со јавноста- КОНЕЧНО!!!

Здружение за односи со јавноста- КОНЕЧНО!!!

Posted on 14 ноември 2011 | No Comments


“Ни една професија не може да напредува ниту да се развива доколку луѓето кои се занимаваат со неа не се соберат и не ги здружат своите сили во создавање на струково здружение“
Со оваа реченица позајмена од Хрватското здружение за односи со јавноста го започнувам овој пост поради две причини:
  1. Затоа што длабоко верувам во фразата “заедно сме посилни“ и сум уверена дека истата не е само флоскула;
  2. И затоа што во неа е употребен зборот професија, нешто што за мене се односите со јавноста.
По Словенија (1990), Хрватска (1994), Србија (2004), конечно и Македонија ќе добие свое Здружение за односи со јавноста, сега, кон крајот на 2011. Доцниме малку, не велам не, дури и малку повеќе :) ама нели “подобро некогаш, отколку никогаш“.

Целата иницијатива започна во април оваа година и после неколкумесечна напорна работа, најпосле, на 03 декември, ќе резултира со среќен крај (се надевам :)). И ако за некој тоа и не е баш некоја вест, за мене е, зошто верувам дека здружувањето на лицата кои дејствуваат во областа на односи со јавноста во Македонија, ќе придонесе за афирмирање на оваа професија и ќе го подигне степенот на професионалност во рамките на истата.

Во продолжение и збор- два за здружението:
  • Здружението за односи си јавноста на Македонија (ЗОЈМ) ќе биде струково здружение, што значи член во истото ќе може да биде секое физичко лице кое делува во оваа област, нешто што ќе треба да се докаже со приложената биографија, заедно со апликацијата за членство.
  • Членувањето во здружението ќе биде на принципот “индивидуално членство“, а согласно стажот на делување во областа и придонесот за професијата, понудени се три типа на членство: полноправно, придружно и почесно.
  • ЗОЈМ ќе делува како здружение на граѓани и ќе има претседатаел, потпретседател, Управен одбор и Надзорен одбор, а понатаму и Суд на честа. Начинот на избор, траењето на мандатот надлежностите и одговорностите на секое од телата и органите на здружението подетално се опишани во Статутот.
Овој пост нека биде и повик до сите заинтересирани кои се чувствуваат спремни да дадат придонес во развивање и унапредување на односи со јавноста, да се зачленат и да присуствуваат на Основачкото собрание. 

Детални информации, како и сите предлог документи на здружението може да се најдат на www.vs.edu.mk 

Се гледаме на 03 декември на Скопски саем :)).


Leave a Reply

PRoom. Овозможено од Blogger.