јануари 2010 | PRoom

Home > јануари 2010

јануари 2010

ПРедизвици на граѓанските организации

29 јануари 2010 Category : , , 2

Ако се најдете во (не)врзан разговор со претставници на граѓанските организации во Македонија и почнете да дискутирате на тема односи со јавност ќе слушнете еден куп работи кои им претствуваат ПРедизвик, а кои најчето им се оправдување за начинот на кој што ги менаџираат.

Понекогаш аргументите се на место, понекогаш не... Еве сублимирано неколку ПРедизвици и мои гледишта за нивно надминување:

Оргазнизацијата VS проектите 
Еден од ПРедизвиците со кои се соочуваат граѓанските организации при менаџирањето на односите со јавносте е како да ги вклопат плановите за односи со јавност на поединечните проекти, во стратегиите за односи со јавноста на самата организација. Дополнителен товар може да се појави и поради инсистирањето на донаторот за посебна видливост на дадениот проект, па многу често се губи идентитетот на организацијата.

Прво, особено е важно сите проекти кои ги спроведува организацијата да бидат во согласност со нејзината мисија и цели. На тој начин успешно менаџираните односи со јавност за поединечните прокти, само ќе придонесат кон подигање на кредибилитетот на организацијата и зајакнување на брендот. Ако на тоа се придодаде и ПР-от за самата организација, во комбинација со транспарентно работење и отчетност, резултатот ќе биде повеќе од задоволителен.

Второ, секоја организација треба да има свои препознатливи бои, лого... и нормално истите да ги аплицира на сите материјали кои ги користи за претставување во јавноста. Секако, логото на организацијата треба да биде највидливо. И да, ако за секој прокт развивате ново лого или препознатлив симбол, тоа треба да произлегува од она на организацијата, а не да биде сосема различно. Однапред подготвен правилник за видливост на организацијата и нејзино брендирање, многу ќе ви помогне да бидете ”победникот” во преговорите со донаторите.
  
Лош публицитет
“Многу е тешко да воспоставиш добри односи со целната јавност, кога целиот сектор има лош публицитет во јавноста”- ова најчесто може да се слушне.

И не дека не е така. Но, секоја организација работи за себе и самата ги гради своите врски со заедницата и членовите. Потребен е двојно, ако не и тројно, повеќе напор за да се одлепите од толпата, но добро испланирани односи со јавност и нивна ефективна примена, секако дека можат да помогнат во тоа. Дополнително, експертизатата која ја имаат организациите во полето во кое работат и вистинските информации ставени на располагање на јавноста во вистински момент можат и тоа како да го засилат овој процес. И секако, како организација треба јавно да го пофалите тоа што е добро во секторот и гласно да го посочите се тоа што го нарушува угледот и јавната перцепција за него.

    Голем број на организаци
    Големиот број на НВОи често ја збунува јавноста, па покрај тоа што не можат да се запомнат сите, не ретко е тешко да се одлучи која организација навистина има кредибилитет и може да и се верува на тоа што го кажува, а која не е. Посебно ова е предизвик кога станува збор за мобилизирање на заедницата и ПРибирање на средства за одредена активност. Затоа организациите треба да настојуваат да имаат добро планирани и изградени односи со јавноста, а тоа да не бидат само односи со медиумите.

Направете ги информациите за вашата организација лесно достапни за јавноста (не е доволно на вашата веб страница или на материјалите само да го цитирате статутот и да ги излистате целите и мисијата на организацијата). Потенцирајте каде може да ве најдат и за кои прашања може да ви се обратат. Јасно наведете ги вашите успеси и постигнувања но и ставовите и мислењата за прашања од вашата област на работа. Одржувајте ги релациите, понудете соодветни информации (аудио, видео, фотографии...) и факти за вашето работење. Ќе помогне!

Недостаток на средства и ресурси
Факт е дека ако се крати нешто од буџетот за проекти, тоа се средствата наменети за односи со јавност, но тоа не е оправдување. И покрај тоа што човек (сектор) за односи со јавност и финансии за таа намена значително ќе ја подобрат видливоста на проектот и на самата организација, има работи кои може да се направат во рамките на другите активности, а да ПРидонесат многу. Поканете влијателни членови од заедницата на бесплатната обука која ја организирате за вашата целна група, да учествуваат и да видат како работите, на пример. Или пак отворете сметки на социјалните медиуми каде ќе објавувате информации од вашата работа и повикајте членови од заедницата да ви се придружат. Има уште многу што да се направи!

И немојте да заборавите. Односите со јавност се стратешки планирана активност, базирана на наодите од направено истражување, јасно таргетирана целната публика, дефинирана  порака, избирани канали за испраќање на пораката... Вештините и алатките за односи со јавност се учат. А постојат и ПРофесионалци кои се занимаваат со тоа, а се спремни да помогнат. Ваше е само да ги најдете.

И да, ако се сетиш на некој друг ПРедизвик или имаш да споделиш коментар, немој да штедиш зборови :)


* забелешка: Сликата е позајмена од www.cartoonstock.com


И под сукњите се крие влијание

19 јануари 2010 Category : , , , 9

Голем број списанија, медиуми, организации прават избор на највлијателни луѓе во различни бизниси и професии. Поттикната од разноразните такви топ листи кои ги прочитав деновиве, но и од линков, кој Дарко го сподели, решив да излистам дел од претствничките на понежниот пол кои својот труд на социјалните медиуми, но и во секојдневниот живот им го посветуваат на односите со јавноста (ПР) и маркетингот.

Иако првичната идеја беше листата географски да се ограничи само на Македонија, сепак и Србија и Хрватска заслужено добија место во тимот.

Овие дами, своето влијание го наметнуваат споделувајќи информации на своите блогови, Twitter и Facebook акаунти… и според мене, нивното име заслуежено е вброено во оваа листа.

Редоследот по кој се напишани не претставува никаква ранг листа, затоа што сметам дека секоја од нив подеднакво го заслужуваат епитетот реномирана личност во својот делокруг на работа и секоја е на свој начин влијателна и вреднa за следење.

Бранка Бугариска (bugariska) е ПР директор во маркетинг агенција, но зад себе има и богато искуство како copywriter, а со односи со јавност се занимава повеќе од една деценија. Подготвува стратегии и развива креативни концепти за клиенти, но многу труд има вложено и во менаџмент на кризи за различни клиенти (владини институции, невладини организации и бизнис клиенти). Таа е и тренер за односи со јавност, а се појавува и како говорник на голем број конференции од оваа област.

Драгана Ѓермановиќ (GagaDjermanovic) колегите ја нарекуваат ПРинцезата на домашната блогосфера, а таа епитетот го брани со својата енергија и искреност, но и ПРофесиналност. Своето богато искуство како менаџер за односи со јавноста го пренесува пишувајќи на блогот, но и земајќи учество на голем број конференции, работилници, настани. Во своето богато резиме го вбројува и предавањето одржано на Tweetokracija, а честопати се наоѓа во друштво и на многу познати и признати луѓе од ПРофесијата и не себично, секогаш ги споделува “малите тајни” кажани од нив.

Наталија Трајчевска (Natalija) е дел од тимот на eMarketing, а професионално е ангажирана како специјалист за маркетинг во Seavus. Оваа млада и динамична личност, која зад себе има богато искуство, можете слободно да ја ангажирате доколку ви е потребен специјалист за маркетинг, анализа на конкуренција, но и некој коj ќе ви развие кампања за интернет огласување. Можете да ја сретнете и како предавач на различни настани или како говорник на вебинар.

PRoom. Овозможено од Blogger.