октомври 2013 | PRoom

Home > октомври 2013

октомври 2013

Интегрирани комуникации за поуспешно претставување пред јавноста

8 октомври 2013 Category : , , , , 0

Помина година цела откако успешно ја затворивме првата конференција за интернет маркетинг и онлјан односи со јавноста, AllWeb. Тогаш не напишав ништо, чекав да се слегнат впечатоците за да видам што сме направиле добро, а на што треба да поработиме.



И денес, кога ја најавувам овогодинешната конференција се уште сум убедена дека на Македонија и недостасуваше еден ваков настан, кој ќе ги размрда, длабоко ќе ги замисли и ќе им укаже на компаниите како успешно да се претстават пред својата публика.

Оваа година AllWeb ќе се одржи на 15 ноември во Скопје, а програмата ќе опфати три сегменти: интегриран маркетинг, социјални медиуми и ROI и онлајн односи со јавноста.
Програмата стрпливо и грижливо ја подготвувавме, разговаравме со многу луѓе, прифативме еден куп добронамерни сугестии и мислам дека се движиме во вистинскиот правец. Говорниците од The Coca Cola Company, Internet Group, Abrakadabra.hr, Digitalizuj.me, но и сите други, ветуваат добра дискусија. Или, како што вика главниот и одговорен :) за програмата, Дарко

Оваа година очекуваме квалитетна дискусија, со суштинско навлегување во навистина корисни теми, како интегриран маркетинг, мерења и социјални медиуми. Гребењето по површина го има пречесто, сакаме да отвориме дискусии кои ќе им дадат навистина корисни искуства на компаниите кои ќе дојдат на AllWeb.

Во наредниот месец дена следете ги најавите, чуваме и по некое изненадување :) и немој да заборавите да си резервирате место.

И секако, да не заборавам, ништо од AllWeb ако не ни беа тука поддржувачите и луѓето кои со нас ја делат пасијата за успешен и квалитетен настан. ФАЛА, од срце.

PRoom. Овозможено од Blogger.