За блогот | PRoom

За блогот

PRoom е соба со отворена врата за ПРактичарите, ПРофесионалците и теоретичарите на односи со јавноста.

Иако блогот е тематски и најголем дел од постовите разработуваат прашања кои се однесуваат на односи со јавноста, тука може да се најдат и размислувања и ставови кои се однесуваат на граѓанските организации, социјалните медиуми, етиката, професионалноста, настани кои ми го свртеле вниманието... 

Работното и животното искуство ми дозволуваат тука да споделам малку теорија, повеќе примери од праксата и најмногу научени лекции.

Мислењата и ставовите изнесени на блогот се мои и само мои, освен ако поинаку не е напишано и тие не секогаш ги одразуваат гледиштата и ставовите на организацијата за која што работам.

Содржината од блогот слободно може да биде споделувана, користена и цитирана во други текстови, а ќе биде особено љубезно и етички доколку при тоа биде наведен авторот и изворот.



PRoom. Овозможено од Blogger.