Време за одмор и ПРомоција | PRoom
> | | > Време за одмор и ПРомоција

Време за одмор и ПРомоција

Posted on 22 август 2009 | No Comments

Тие што редовно го следат блогов сигурно забележаа дека подолг период не е активен. Вистина е, ама се надевам дека ќе се согласите, понекогаш е потребно и време за одмор. Сега, кога и одморот заврши, се враќам повторно, со нови сили и нови мисли.

Но некој не одмараше и затоа заслужува да биде пофален. Браво за Крушево и крушевчани и за организаторите на “Крушево етно град“.

За тие што не ја виделе репортажата на ББС за Крушево, еве можност да ја погледнат. Уживајте...




Од мој агол ова е одлична идеја за ПРезентација пред светот. Можеби и нема да можат да придобијат толку многу туристи колку што имаа замислено (дај боже да им се исполнат предвидувањата), но сепак е убава можност да се покаже нешто различно и оригинално.

Без копии молам! Во иднина очекувам и други идеи за ПРетставување и ПРомоција на нашите убавини и традиција. Но без плагијат! А за креаторите, уште еднаш, браво!

Leave a Reply

PRoom. Овозможено од Blogger.