Време за одмор и ПРомоција (2) | PRoom
> | | > Време за одмор и ПРомоција (2)

Време за одмор и ПРомоција (2)

Posted on 30 август 2009 | No Comments

Големиот христијански прзник “Голема Богородица“ е знак дека во Берово завршува летната сезона и градчето полека се празни од “дојденци“ и “повратници“. Уште ден, два и веќе нема да има гужва на плоштадот, место во кафе баровите ќе има колку што сакаш, а жителите ќе продолжат да го живеат своето секојдневие.

Летото е време кога во ова мало и питомо градче се враќаат сите кои со текот на годините заминале од тука, а доаѓаат и оние кои во потрага по пониски температури и малку мир навраќаат и остануваат по неклку дена.

Домаќините се потрудиле да подготват програма и да ги задоволат различните вкусови на гостите, кои патем годинава ги имаше помалку одколку други години, и да ги привлечат повторно да се вратат и следниот пат.


Секое доаѓање во Берово слушам како е тешко, нема од што да се живее, луѓето немаат пари, угостителските објекти се празни. А што прават тие за нешто да се промени?

Ако отидеш во единствениот угостителски објект на езерото, кое што всушност е најпознатото место во Берово, тешко дека ќе бидеш послужен како што треба. Или не работи кујната (како што се случи во саботата, кога Берово беше полно со луѓе) или келнерот не може да ти вари чај, па истиот да ти го лади, затоа што ти си сакал леден чај... Љубезност и гостопримливост, нема што...

Примери има полно, но не ми е идејата да ги критикувам туку да им го свртам вниманието. На Берово туризмот му е неопходен и неколкуте денови кога се собираат луѓето треба максимално да се искористат.

Затоа беровчани, земете пример од крушевчани, кои на среде лето, на високи температури, еден месец се шетаа во волнени носии и се обидуваа да им угодат на туристите.

Условите ги имате. Престанете да се жалите и преземете нешто следното лето да имате повеќе туристи и да заработите пари за да можете остатокот од годината да си живеете лагодно. И не мора да го чекате летото. Берово живее и во зима. Искористете ја можноста...

Leave a Reply

PRoom. Овозможено од Blogger.