Go pink! Или колку сме хумани | PRoom
> > Go pink! Или колку сме хумани

Go pink! Или колку сме хумани

Posted on 17 мај 2009 | 3 Comments

Напред розово ‘09 беше еден убаво замислен настан, на кој граѓаните на Македонија требаше да потсетат дека се дел од големото светско семејство на борци против ракот на дојката.

Замислен како марш по улиците на Скопје и заедничка журка во паркот, овој настан требаше да не обедини сите за да покажеме дека сме хумани и спремни да им пружаме помош на оние на кои нашата поддршка им значи многу.

Но, на мое големо изненадување, и покрај напорите што ги направија организаторите, настанот не го привлече вниманието на граѓаните, барем не во онаа мера во која јас очекував тоа да се случи.По моја слободна проценка не повеќе од петстотини граѓани решија да им дадат поддршка на организаторите во една ваква племенита акција, а меѓунив најбројни беа претставниците на странските мисии и организации во земјава.


Прашањето ми е: Зошто граѓаните не дојдоа на бесплатна забава во парк, во недела, ден и онака посветен на прошетка во природа? Ако требаше да платат влезница за некој концерт, сигурна сум дека повеќе ќе се собереа.

Туку и нешто друго ме мачи... По некои статистики во земјава има околку 6000 граѓански здруженија, кои треба да работат за и во име на граѓаните. Ако барем половина од нив ја поддржеа акцијата со по еден претствник, 3000 граѓани ќе беа дел од розевата панделка.

Но нив ги немаше. Зошто?

Ова нека биде тема за размислување...

Ние што бевме таму убаво си поминавме. Напред розово!

Comments:3

  1. Нема да коментирам за текстот, ок е. Само имам една забелешка - мислам дека кога веќе се занимаваш со работи поврзани со професија (особено што овде станува збор за ПР), треба барем името и презимето да ти се во профил-инфото. Ја лично би сакала да знам кој тие бекграундот и на какво искуство се повикуваш.
    Ана Поп Стефанија

    ОдговориИзбриши
  2. @Ana: Ана, ти благодарам за добронамерната забелешка. Ненамерно беше направен пропуст кој сега е исправен. Се надевам дека и понатаму ќе го следиш блогов

    ОдговориИзбриши
  3. Навистина убаво си поминавме ние што бевме таму!!
    Мислам дека за вистинска граѓанска иницијатива ќе почекаме уште долго време! За жал!

    ОдговориИзбриши

PRoom. Овозможено од Blogger.