Во очите на јавноста
25 април 2013 г. Category : ИБУ, непрофитни организации, односи со јавноста, презентација 0
Односите со јавноста за непрофитните организации се постојан процес на раскажување на приказната на организацијата, пренесување на нејзината порака, создавање на идентитет и одржување на сликата за организацијата во срцето и умот на јавноста.
Заедничка слика за спомен после презентацијата |
Особена чест и огромно задоволство е да се сподели знаење и повеќе од десетгодишно искуство во работа со непрофитни организации, со студенти кои го впиваат секој твој збор и се желни да дознаат нешто повеќе, надвор од редовниот курикулум на студиите.
Ќе си дозволам уште еднаш да им заблагодарам за поканата и гостопримството. Се надевам дека ќе имаме уште многу можности да се среќаваме и да разменуваме мислења.
Со проф. д-р Дона Колар Панов на предавањето на Сертификатот |