Научени лекции: времето е се
20 јули 2012 г. Category : грешка, научени лекции, односи со јавноста, PR Daily 0
12 лица загинаа, а 50-тина се ранети, кога маскиран напаѓач отвори оган врз присутните на премиерата за филмот „Бетмен“ во градчето Аурора во близина на Денвер во американската сојузна држава Колорадо.
Отприлика ова се информациите кои во текот на целиот ден непрестано ја потресуваа целата американска, но и светска јавност. Сликите потресни, а стравот влезен во коски.
И одеднаш, на фејсбук тајмлајнот на PR Daily со наслов "Happy Friday" се појави оваа слика:
И веднаш прашањето: Што им е на овие? Како може еден издавач кој другите ги советува што е правилно во односи со јавноста да постира вакво нешто во ваков момент?
Иако се надѕираше дека се работи за однапред закажан пост, за кој на никој не му текнало да го избрише, реакциите не изостанаа (што може да се види и од сликата).
Во односи со јавноста информацијата е се. Но и времето на објавување на истата. Еден ваков потег на одговорните за менаџирање на профилот на PR Daily им донесе многу гнев и потреба да ја оправдуваат постапката “за која не биле ни свесни“.
Неколку минути подоцна, постот беше отстранет, а PR Daily излезе со извинување:
Надополнето:
Неколку часа подоцна се појави овој пост, кој опишува слична ситуација, на Twitter.