Кој губи од лошиот ПР и неискусните новинари?
Posted on 23 јуни 2009 г.
|
2 Comments
Што се случува денес?
Лицето одговорно за односи со јавност (агенцијата) ќе напише соопштение кое ќе го испрати до медиумите. “Многу нормално“ веќе ги има пикирано новинарите кои тоа ќе го објават, да не речам ги има договорено, па многу и не се труди околу соопштението.
Вечер, кога ќе излезат весниците, во сите може да се прочита истиот текст. Како истиот новинар да го пишувал. А тоа всушност го пишувало истото лице, само што тоа не е новинар, туку себе си се нарекува ПР.
Па што? Клиентот/ надредениот задоволен, новинарот си ја завршил задачата, а сите ловорики за ПР-от. И што има тука лошо?
Е па има. Лицата одговорни за односи со јавност не се натпреваруваат за да ја објават својата вест. Тоа лесно можат да го договорат со новинари кои или немаат желба да си бараат теми, па им е полесно кога некој ќе им даде нешто готово, или имаат други причини заради кои прифаќаат секакви текстови. Дури не се обидуваат да пронајдат иновативни начини за да бидат пред конкуренцијата. Едноставно пишуваат школски пример на соопштение за јавност и го пласираат преку лесно достапни канали.
И кој губи? Губат читателите, но и ПРофесијата.
Во другите земји за да заслужи ПР-от неговото соопштение да биде прочитано од уредникот треба навистина да ја погоди темата. Во спротивно неговата адреса засекогаш ќе биде блокирана.
П.С. Фала на Дарко за линкот :)
Na žalost, tako loša praksa primetna je i u SRB.
ОдговориИзбришиI nismo jedini...
Takav nePRofesionalni manir je od PR-a i napravio sliku u javnost kao neke službe koja "uvaljuje" komercijalne textove na redakcijske strane. U sprezi sa marketing odeljenjem koje uredno plaća reklame u istim medijima, PR postaje troma, nekreativna i inertna poslovna funkcija krajnje operativnih performansi.
Svi gube, apsolutno se slažem sa tobom koleginice; izrazito mi je žao što gubi naša struka na PRvom mestu, a inače u javnosti nismo najbolje pozicionirani.
Mislim i da PR udruženja moraju oštrije da reaguju...
p.s. odličan blog, ali to sam već sigurno rekla ;)
@Драгана: Навистина е жално што се наоѓаме во ситуација, во која наместо да ја трошиме енергијата за надоградување и напредување, ние се уште се трудиме на јавноста да и докажеме дека ПР е професија со дигнитет и достојна за почит.
ОдговориИзбришиУште пожално е во МК што нема здружение или асоцијација која ќе се залага за зачувување на ПРофесијата и ќе реагира во ваквите случаи. Во последно време група ентузијасти се обидуваме нешто да направиме во таа насока, но ни треба малку повеќе посветеност.
П.С. Фала за пофалбите за блогот, јас твојот со задоволство го читам :))