Ова сум јас
Здраво, јас сум Славица. А ти?
Мило ми е што се сретнавме. Предлагам да се запознаеме...
За мене велат дека сум друштвена и отворена личност и голем ентузијаст. Јас велам дека сакам да го живеам животот во потполност. Живеам за да ги проширам моите хоризонти во секој можен правец, сакам да го видам светот и да го доживеам. Сакам да патувам (дури и повеќе отколку што можам да си дозволам :)), сакам да запознавам интересни луѓе и да пробам се. Љубопитноста ми е безгранична, а желбата за знаење ми е најважна.
Во моментов сум посветена на работните обврски, семејството и нештата што ми причинуваат задоволство: читам, пишувам, гледам љубовни драми и крими филмови, следам формула 1, WRC и Македонски автомобилизам.
Истражувам и практцирам прашања кои се однесуваат на односи со јавноста, повеќе од 13 години сум активист во граѓанскиот сектор и сум поранешен водител на младинска емисија на локално радио.
Моето професионално портфолио може да го најдеш на LinkedIn, да станеме другари на Facebook или да црцориме на Twitter.
Ако и тоа не е доволно, секогаш може да пишеш на sbiljarska [at] gmail.com. Се читаме!